Се преправа дека има скршени нозе и поради тоа живее како царица

236

Секакви работи ги возбудуваат мажите, вклучувајќи ги и жените во гипс и завои. Не проверивме дали овој фетиш има име, но сосема случајно тоа го дознала атрактивната Клои Велш, 36-годишна Британка од Рексам, која со години добро заработува од него.

Имено, Велш за Бристол Лајв тврди дека знае да заработи околу шест илјади евра месечно глумејќи скршеници, а во тој бизнис се впуштила за време на карантинот во 2020 година.

Клои Велш навистина ги скрши двете стапала пред седум години откако падна од такси, а кога требаше да ја започне кариерата на новото работно место во јуни 2017 година, договорот и беше раскинат бидејќи не можеше да оди.

Поради оваа причина, таа остана без фунта во џебот и беше принудена да ја продаде својата куќа, па за време на пандемијата отвори профил на OnlyFans и почна да создава содржини наменети за возрасните.

Таму почнала да добива барања од следбениците да почне да се покажува дека е повредена, а на тоа се согласила без многу размислување. Таа денес троши часови и часови правејќи свој гипс, а во меѓувреме набави и патерици.

„Никогаш не би можела да заработам толку пари со нормална работа и мислам дека сум подготвена да продолжам да работам засекогаш“, изјави таа, сеќавајќи се на мажот кој ја замолил да се малтериса како мумија, да седне во инвалидска количка и да има лажен труднички стомак.

„Бидејќи се толку добри парите, не ми пречи ништо во оваа индустрија“, додаде Клои.