Се поставува канализација во Горно Коњари

122

Во населеното место Горно Коњари во тек се активности околу поставување на канализациона мрежа во должина од 550 метри.

Градоначалникот Борче Митевски истакна дека со овој крак на канализацијоната мрежа околу 70 проценти од населеното место ќе биде покриено со одводна канализација.

Средствата за овој проект се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец.