Се породивте и сега што? Пет начини како лесно да ги стопите вишокот килограми

29

Се породивте и сега се обидувате да ослабете, но ништо не се случува? Еве во што грешите.

Не мора да плаќате скапи производи за слабеење, ниту да применувате непопуларни диети.

Познатата нутриционистка Меј Симпкин предупредува дека напредното планирање на оброците може да одигра значајна улога во топењето на масните наслаги, пишува „Daily Mail”.

Таа ги истакнува овие пет ставки како пресудни во топењето на килограмите.

1. Повеќе спијте

Недостатокот на сон влијае на односот на хормоните лептин и грелин кои меѓу другото можат да предизвикаат чувство на глад.

Кога сте ненаспиени, нивото на лептин е пониско од обично и вашиот мозок добива порака дека треба да внесете уште калории.

Освен тоа, ниското ниво на лептин предизвикува и чувство на исцрпеност. Од друга страна, недостатокот на сон влијае на покаченото ниво на грелин. Грелинот во своите високи вредности му испраќа информации на мозокот дека немате доволно калории и со самото тоа го забавува согорувањето на калории, што резултира со забавен метаболизам.


2. Кафето е сериозен непријател на слабеењето

Треба да имате енергија за успивање, хранење и капење на бебето. Поради тоа пиете многу кафе. Меѓутоа, кафето предизвикува големи флуктуации на шеќерот и треба да се избегнува. Исто така влијае и на недостатокот на сон. Недостатокот на сон влијае на честите потреби за шеќер. И така влегувате во маѓепсаниот круг.

3. Повеќе движете се

На почетокот немате време за фитнес центар. Искористете го недостатокот на време така што повеќе ќе се движите. Помалку користете го автомобилот и секако, гледајте на домашните работи како одличен вид на физичка активност.


4. Престанете да јадете за двајца

Потребно ви е прецизно да ги темпирате своите оброци. Три оброци дневно се сосема доволни за вас и вашето бебе. Многу е важно да не јадете помеѓу оброците и да не го отварате фрижидерот на секој час.

5. Немојте да заборавите на сопствените потреби

Грешката на секоја мајка е тоа што непотребно се поништува себеси и ги става сите свои ресурси во служба на новороденчето.

Мора да се грижите и за вашите лични потреби. На семејството морате да му ставите до знаење дека постоите и вие. Единствено ако се гледате себеси, можете да имате цел. А, целта е основниот двигател кога зборуваме за слабеењето.