Се подготовува изградбата на градинката во населба Пролет

60

Општина Центар започна со првите подготовки за изградба на најголемата детска градинка во населбата Пролет.

Како што информираат локалните власти, на површина од 3.276 квадратни метри ќе се изгради нова и најмодерна градинка, која што ќе биде со инклузивен карактер, еколошки одржлива и со енергетско ефикасна фасада.

Со изградбата на новата детска градинка во Пролет, значително ќе се зголеми згрижувачкиот капацитет во предучилишното образование во Центар и ќе се овозможат нови просторни услови со згрижувачки капацитет за 150 деца.

Објектот ќе биде изграден по сите стандарди за квалитет, а од општинскиот буџет ќе бидат обезбедени 154.243.997 денари.