Се повеќе работници во светот работат од дома поради ширењето на коронавирусот

62

Поради коронавирусот се повеќе работници ширум светот работат од дома. Работниците во една нафтена компанија и медиумска групација во Лондон работат од дома. Телевизиски гигант ги сопира луѓето кои посетиле одредени земји да не влегуват во нивните канцеларии во Европа. Германска авиокомпанија ги испрати своите вработени на неплатен одмор, пренесува Њујорк Тајмс.

Со недели, епидемијата на коронавирусот во Кина ги потресуваше глобалните снабдувачки ланци, земајќи свој данок од поголемите бизниси низ светот, често преку индиректни начини.

Сега, како што се шири низ Европа и Азија, вирусот станува поголема закана за сите видови на бизниси. Од Милано, Берлин па се до Лондон, компаниите во секоја индустрија ги пречиствуаат нивните протоколи за итност или ги испраќаат работниците дома за да го спречат ширењето.

Оваа недела, Американската нафетена компанија Шефрон им даде инструкции на 300 работници од канцелариите во Лондон да работат од дома, откако еден од вработените кој се вратил од Италија, покажал симптоми на вирусот. Медиумската групација ОМГ презеде слични чекори во дистриктот Фитзровиа во Лондон, испрачајќи дома околу 1,000 вработени, откако вработен во групацијата кој бил во Сингапур започнал да покажува симптоми.

Британската телевизиска компанија Скај запонала да ги скинира (мониторира) посетителите во нејзните канцеларии во Европа, велејќи им на вработените дека гостите кои скоро патувале во „ризичните“ држави како Кина и Јапонија ќе бидат задржани надвор од канцелариите. Германската авиокомпанија Луфтханза ги замрзна вработувањата и им понуди на вработените неплатен одмор, подготвувајќи се за економски удар од страна на вирусот да се зголеми. Во вторникот, маркетинг агенцијата Дентсу им даде инструкции на своите вработени во нејзиното седиште во Токио да работат од дома.

Во Италија, центарот на ширењето на вирусот, голем број на компании, вклучувајќи го и осигурителниот гигант Џенерали и модниот бренд Армани, усвоија политики за работење од дома, од најразлични степени.