Нил Вилсон е британски гимнастичар и бронзен медалист од Олимписките игри во Рио де Жaнеиро. Тој во еден подкаст зборуваше за своите проблеми со депресија и самоубиствени мисли.

Британецот ја заврши својата кариера во јануари годинава на само 24 години, бидејќи заклучи дека неговото тело повеќе не може да биде во чекор со барањата на гимнастиката.

Пред две години го повреди вратот и почна да страда од ментални проблеми од кои на крајот успеа да се опорави.

  • Две недели пред операцијата, само пиев. Поради количината на болка што ја трпев, се влоши и моето ментално здравје. Сето тоа влијаеше на мојата психа, истакна Вилсон, па додаде:
  • Ми беше тешко и се чувствував вознемирено, но не разбирав зошто. Мајка ми и татко ми ми велеа дека сум идиот, бидејќи не знаеја колку беше лошо моето здравје. Размислував за самоубиство, коцкање и опивање. За среќа, најдов излез, истакна Вилсон.