Се отстранува бесправно изграден објект во Скопје Север, на негово место ќе се прави парк

1427

Општина Бутел продолжува со отстранувањето и со расчистувањето на бесправно изграден објект во Скопје Север.

– Го решаваме деценискиот и многу голем проблем на граѓаните од ова населено место. На ова место, по целосното отстранување и расчистување, ќе изградиме нов парк и ново урбано катче за жителите од Скопје Север. За мене, додека сум градоначалник, сите граѓани ќе бидат исти и еднакви – истакна градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.