Се освен победа значи катастрофа за Јунајтед

82
epa10965271 Manchester United's Marcus Rashford (2-R) recieves a red card by referee Donatas Rumsas during the UEFA Champions League Group A soccer match between FC Copenhagen and Manchester United at Parken stadium in Copenhagen, Denmark, 08 November 2023. EPA-EFE/Liselotte Sabroe DENMARK OUT

Денешните осум натпревари од 5. коло од групната фаза во Лигата на шампиони дефинитивно ќе поминат во знакот на дуелот кој ќе биде одигран во Истанбул против турскиот преставник Галатасарај и англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед. Трите бода се императив за двата тима кои само со таков епилог ќе останат во игра за втората позиција во групата „А“. Првата меѓусебна пресметка на „Олд Трафорд“ заврши со минимален триумф на гостинот, но нема дилема дека „црвените ѓаволи“ ќе одиграат далеку подобро затоа што формата на избраниците на Ерик тен Хаг е во нагорна линија.

-Секој натпревар има посебна важност, но не сакам да го игнорирам фактот дека сезонава играме одлично кога сме на гостински терен. Мора да ја имаме потребната самодоверба, мора да веруваме во сопствениот квалитет. Ние покажавме дека можеме да се носиме со секаква атмосфера, како таа во Копенхаген. Очекувам да биде уште потензично во Истанбул, но ќе се носиме и со тоа, немам дилема, изјави менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг.

Следната, 1/8 финална рунда од ЛШ, денеска би требало да стане реалност и за лондонскиот премиерлигаш Арсенал кој ќе се обиде да ја искористи предноста на домашниот терен против францускиот преставник Ленс.

Најголемото разочарување во групната фаза, португалскиот гигант Бенфика, ќе се обиде да го обели образот и да ги освои првите бодови, но за противник го има италијанскиот калчолигаш Интер.

Денеска на програмата: ГРУПА А: Галатасарај – Манчестер Ј., Баерн (М) – Копенхаген. Табела: Баерн (М) 12, Копенхаген 4, Галатасарај 4, Манчестер Ј. 3 бода. ГРУПА Б: Севилја – ПСВ, Арсенал – Ленс. Табела: Арсенал 9, ПСВ 5, Ленс 5, Севилја 2 бода. ГРУПА Ц: Реал (М) – Наполи, Брага – Унион Б. Табела: Реал (М) 12, Наполи 7, Брага 3, Унион Б. 1 бод. ГРУПА Д: Бенфика – Интер, Сосиедад – РБ Салцбург. Табела: Сосиедад 10, Интер 10, РБ Лајпциг 3, Бенфика 0 бодови.