Се одржа Street Show на паркингот на СЦ „Борис Трајковски“

57

Викендов на големиот паркинг во рамките на спортскиот центар „Борис Трајковски“, се одржа најголемиот автомото настан во нашата
држава, Street Show.

Во рамките на настанот, присутните имаа шанса да се запознаат со голем број на новитети меѓу автомобилите, мотоциклите, четирициклите, комерцијалните возила и електричните скутери и мотори, а присутни беа и компании од индустријата на автомобилска галантерија и додатоци. Беа присутни 22 изложувачи со над 40 брендови кои се достапни на македонскиот пазар.

Притоа, беа изложени секаков вид на возила, дел од нив за првпат прикажани пред очите на македонската јавност и имаа премиерни презентации.

Street Show е уникатен и алтернативен начин за претставување
на нови, еколошки, технолошко напредни и електрични возила, за првпат
одржан во 2019 година.