Се одбележува Светскиот ден на мултипла склероза: Марш за подигнување на јавната свест./ФОТОГАЛЕРИЈА

46

По повод Светскиот ден на мултипла скелроза – 30 мај, Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија се одржа марш за подигнување на јавната свест за проблемите со кои се соочуваат лицата со мултипла склероза и нивните специфични потреби за поквалитетен живот и социјална инклузија.

Настанот започна пред Порта Македонија во 11 часот и продолжи со марш по десната коловозна лента на улицата „11Октомври“ во правец на Собранието до Домот „Даре Џамбаз“, а на него ќе се приклучија и лицата со параплегија и дистрофија.