Се одбележува Октомври – Светскиот месец за подигнување на свеста и одговорноста за чувањето на расата пит бул

18

Јавното претпријатие „Лајка“ се приклучува во одбележување на Октомври – Светскиот месец за подигнување на свеста и одговорноста за чувањето на расата пит бул со своја кампања.

-Целта за одбележување на овој месец е градење на одговорно сопствеништво и подигнување на свеста кај сите сопственици на оваа раса, бидејќи за жал поради својата природа и карактеристики овие кучиња се користат нелегално за борби – велат од „Лајка“.

ЈП Лајка која преку својата програма се бори и залага за хуман третман и благосостојба на кучињата до сега има спасено десетина кучиња од оваа раса кои беа злоупотребувани и малтретирани за борби.

Инаку, од претпријатието информираат дека питбулката која со денови талкала низ скопската населба Гази Баба и била донесена во стацинарот од хуман граѓанин, конечно си ја пронашла својата среќа и е вдомена. 

-Човекот кој ја вдоми и се грижи за Етна, е неизмерно благодарен на нашето прифатилиште, кој му овозможи да биде новиот сопственик на ова прекрасно милениче. Сега двајцата уживаат во долгите утрински и ноќни прошетки во природа- потенцираат од „Лајка“.