Се огласи „Беса Транс“: Не организираме екскурзии за Истанбул туку помагаме да се откријат причините за несреќата

811

Агенцијата „Беса транс“ чиј автобус изгоре во катастрофалната несреќа што се случи минатиот месец во Бугарија во која животот го загубија 45 луѓе, во објава на Фејсбук демантира дека од јануари продолжува да организира тури за Истанбул.

„На 8 декември, се појавија шпекулации дека „Беса транс ДООЕЛ“, наводно, од јануари 2022 година повторно ќе вози патници (екскурзии) од Р.С. Македонија до Турција и обратно. Целосно ги демантираме таквите шпекулации и ја известуваме пошироката јавност дека „Беса транс ДООЕЛ“ ниту може, ниту сака да организира транспорт (екскурзии), бидејќи компанијата е фокусирана на соработка со институциите на Р.С. Македонија и Бугарија, за брзо да се откријат причините за ужасната несреќа“, се вели во објавата на фејсбук-страницата на агенцијата.