Се ниша ли тронот на Али Ахмети?!

Ако можеше некогаш да се случат поголеми изненадувања кај албанскиот електорат, можеби тоа можеше да се случи во 2016 година, кога ДУИ и опозицијата беа блиску со бројките, но, тогаш опозицијата не успеа да се надмине себе си, вели политичкиот аналитичар Алберт Муслиу во изјава за весникот ВЕЧЕР, по формирањето на фронтот на обединета албанска опозиција составена од поранешни владини функционери со поддршка од косовскиот премиер Албин Курти. Муслиу не очекува чуда и смета дека опозициските албански партии треба како прво да се консолидираатт и да излезат со јасна политичка платформа, а не само со пораката дека ДУИ мора да падне. Политичкиот аналитичар, Петар Арсовски, пак, вели дека секогаш појавувањето на нови политички партии влијае на распоредот на политичките сили, а многу важно влијание ќе има односот на партиите кон главните политички наративи – ЕУ, уставните измени, како и реториката кон Албанците. 

1827
Познавачите не брзаат со проценските дали фронтот на обединета албанска опозиција составена од поранешни владини функционери со поддршка од косовскиот премиер Албин Курти претставува закана за двоцениското владеење на ДУИ и колку ќе го поместат гласачкото тело во Македонија. Во јавноста се подигна и прашањето колку новоформираните партии сега можат да се наречат опозиционери, откако сите ја вкусиле сласта на власта изминатиот период.

Фронтот на обединета албанска опозиција составена од поранешни владини функционери со поддршка од косовскиот премиер Албин Курти изминатиот викенд ја размрда македонската политичка сцена. Факт е дека тие го свртеа вниманието на јавноста, но, познавачите не брзаат со проценските дали нивниот здружен фронт претставува закана за двоцениското владеење на ДУИ и колку ќе го поместат гласачкото тело во Македонија. Во јавноста се подигна и прашањето колку новоформираните партии сега можат да се наречат опозиционери, откако сите ја вкусиле сласта на власта изминатиот период. Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу во изјава за весникот ВЕЧЕР вели дека ако можеше некогаш да се случат поголеми изненадувања кај албанскиот електорат, можеби тоа можеше да се случи во 2016 година, кога ДУИ и опозицијата беа блиску со бројките, но, тогаш опозицијата не успеа да се надмине себе си. Муслиу не очекува да се случат чуда и смета дека опозициските албански партии треба како прво да се консолидираатт и да излезат со јасна политичка платформа, а не само со пораката дека ДУИ мора да падне.

-Четирите опозициски партии, вклучувајќи го тука и Аријнит Хоџа, во одреден период заеднички владееле со ДУИ, и БЕСА и Алтернатива и Изет Меџити, кој е еден од основачите на ДУИ. Плус треба да ја поминат фазата обединување на опозицијата. Не може да се оди на избори со порака – треба да падне ДУИ. Тоа не е политичка порака. Треба да имаат серизони проекти. Значи останува да видиме како ќе се консолидираат, како ќе настапат, еве организираа еден заеднички настан, со посетата на Курти… Но, се соочуваат со сериозен опонент. Од друга страна, имаме најави со манифестот за европски фронт. Не очекувам да се случат некои чуда, за тоа претстои работа. Опозициските албански партии треба како прво да се консолидираат и да излезат со јасна политичка порака или платформа за да направат дистинкција помеѓу себеси и другите политички партии, вели Алберт Муслиу во изјава за весникот ВЕЧЕР.

Политичкиот аналитичар, Петар Арсовски, пак, вели дека секогаш појавувањето на нови политички партии влијае на распоредот на политичките сили, а многу важно влијание ќе има односот на партиите кон главните политички наративи – ЕУ, уставните измени, како и реториката кон Албанците.

 -Секако дека ќе има влијание. Зависно од тоа како ќе се распределат политичките сили после формирањето на партиите. Секогаш појавувањето на нови партии влијае на распоредот на политичките сили. Зависи како ќе се покажат и кој ќе им биде наративот. Точно е дека гласачите се наклонуваат кон тој што мислат дека ќе победи, затоа важно е дали партиите ќе презентираат имиџ на победник. Исто така многу ќе влијае и односот на партиите кон главните политички наративи – ЕУ, односот кон уставните измени, кон албанците, итн, вели Арсовски во изјава за весникот ВЕЧЕР.

Изминатиот викенд политичката сцена во земјава доби освежување во албанскиот политички блок, беа промовирани Европска демократска партија, како фракција на движењето БЕСА и Демократско движење. Поранешниот потпретседател на БЕСА Аријанит Хоџа реши да го напушти Касами и заедно со пратеникот Басри Бајрами да формира нова партија – Европската демократска партија. Бајрами е и пратеник, со што новата партија веќе има пратеник во македонското Собрание. Во однос на тоа дали ќе соработуваат со други политички субјекти до следните избори, Хоџа рече дека како партија ќе бидат во добитни комбинации кои ќе ја обезбедат европската иднина на земјата. ЕДП ја формираат, главно, кадри што во текот на својата кариера членувале во неколку политички партии. Бајрами беше градоначалник на Арачиново од Нова демократија пред да ја почне соработката со ДУИ, од каде што премина во БЕСА. Тука е и Ваљон Бела, кој ги носеше дресовите на неколку политички партии во албанскиот блок. Хоџа најави дека првиот чекор на партијата ќе бидат уставните измени.

На 22-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, пак, во неделата поранешниот член на ДУИ, „огнениот“ Изет Меџити едногласно беше избран за претседател на Демократското движење. Меџити, заедно со дел од незадоволните, ја напушти ДУИ и одлучи да формира нова партија. Тој порача дека не ги донеле овде инаетот и алчнста, туку ги инспирирале свеста и волјата.

 -Не се соединивме за да бидеме против, туку за да бидеме водачи. Не се собравме поради гнев, туку поради ентузијазам, порача Меџити на Основачкото собрание на партијата.

Иако во својот говор зборуваше за европските вредности на неговата нова партија, Меџити не кажа ниту збор за прославата во Тетово на која присуствуваше, а каде што гостин беше косовскиот премиер Албин Курти и се вееше знаме со картата на голема Албанија. (В.С.Н.)