Се набавуваат 40 пластични контејнери

8

Во Јавното претпријатие „Комуналец” од Крива Паланка, во тек е постапка за распишување тендер за набавка на нови 40 контејнери за потребите на одржување на јавната чистота во општината.

– Во изминатиот период беа набавени 40 метални контејнери, истите се поставени на повеќе локации во градот, дел од нив на постојни локации каде беа заменети старите контејнери, а дел се поставени и на нови локации во повеќе реони во градот. Во моментот во тек е нов тендер за набавка на 40 пластични контејнери, кои ќе бидат распоредени низ градскиот реон, за што, се надевам граѓаните ќе водат сметка каков смет ќе фрлаат во нив, со напомена, да се внимава најмногу да не се фрлаат лесно запалливи материи, бидејќи со самото уништување не се прави штета на ЈП „Комуналец“, туку на самиот град и граѓаните кои живеат тука – изјави директорот на ЈП „Комуналец“, Миле Марковски.