Се менува подземната инсталација за осветлување на Дексион

202

Општина Ѓорче Петров започна со замена на дотраената подземна нисконапонска инсталација за улично осветлување во населба Дексион.

– Трајно го решаваме проблемот со осветлувањето на улиците “Беаз Куле”, “Драговити”, “Александар Македонски”, “Панајот Гиновски” и “Островска”. Модернизацијата на уличното осветлување продолжува во населбите “Даме Груев” и “Волково” – информира градоначалникот на Ѓорче, Александар Наумоски и напоменува дека овие зафати нема да влијаат на напојувањето со електрична енергија на домаќинствата.