Се мачевме и беше навистина лошо

43
epa11413300 Croatian players applaud to fans after losing the UEFA EURO 2024 group B match between Spain and Croatia in Berlin, Germany, 15 June 2024. EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Првиот дерби натпревар во групната фаза од ЕП2024, дуелот помеѓу репрезентациите на Шпанија и Хрватска, заврши со убедлив триумф на „црвената фурија“ од 3:0. Во моментите кога „коцкестите“ имаа апсолутна доминација, Шпанците дојдоа во водство со погодокот на Мората, а до крајот на првото полувреме во листата на стрелци се запишаа уште Фабијан Руиз и Карвахал.

-И честитам на Шпанија за убедливата победа. Наш тежок и заслужен пораз. Бевме без енергија. Се мачевме во првите 15 минути, потоа се смиривме и го зазедовме поседот. Така, примивме гол. Беше навистина лошо. Најлошото беше што примивме гол по корнер во судиското надополнување на првото полувреме, тоа беше крајот, изјави селекторот на Хрватска, Златко Далиќ.

Вториот натпревар од истата група, дуелот помеѓу Италија и Албанија, заврши со минимален триумф на актуелниот европски шампион. Бајрами го постигна најбрзиот погодок во историјата на континенатлното натпреварување, но „азурите“ направија целосен пресврт со погодоците на Бастони и Барела.

-Видовме многу добри работи, но и бесмислени. Во вториот дел албанските фудбалери се обидувааа да го искористат просторот што им го дадовме, но за среќа не го искористија, изјави селекторот на Италија, Лучијано Спалети.

Репрезентацијата на Швајцарија со победа ја стартуваше својата авантура на ЕП 2024. Избраниците на Мурат Јакин беа подобар противник во сите 90 минути и сосема заслужено со 3:1 ја добија првата пресметка во групната фаза против селекцијата на Унгарија. Швајцарците дојдоа до планираните три бода со погодоците на Дуах, Абишер и на Емболо, а почесниот погодок за Унгарците беше дело на Варга.