Се иницира формирање депонија за тврд отпад

61

Градоначалникот на Општина Струмица, Коста Јаневски, информираше дека е покрената иницијатива до Министерството за животна средина и просторно планирање за официјално определување на депонија за тврд отпад, која ќе биде прописно конституирана и ќе се понуди како можност за одлагање на градежниот шут,  што со години создава проблеми и се депонирани толкави големи количества кои навистина земаат многу ресурси.

Според него, депониите се еден од најголемите предизвици со кои се соочиле од почетокот на мандатот. Тој најави и формирање пунктови за собирање на тврдиот отпад, како што се стар мебел, електрични апарати, градежен шут и друг отпад, кој по одложувањето би се депонирал на идната депонија за тврд отпад.