Се знае зошто заминав од Јунајтед

18

Анхел ди Марија се врати на “Олд Трафорд”, но како фудбалер на ПСЖ. Пред четири години, крилниот напаѓач побега од редовите на Манчестер Јунајтед, а во вторникот, беше еден од најзаслужните за триумфот од 2:0 кој “светците” го забележаа во првиот 1/8 финален натпревар од Лигата на шампиони.

Освен по двете асистенции, аргентинскиот интернационалец овој дуел ќе го памети по грубиот страт на Ешли Јанг и по реакцијата на најверните фанови на Јунајтед, кои сакаа да го погодат со шише пиво. Ди Марија го подигна шишето и направи гестикулација дека пие пиво. Таквиот негов потег дополнително ги налути фановите на “црвените ѓаволи”, кои посакаа и физичка пресметка со фудбалерот на ПСЖ.

  • Беше тешко од првата минута, но знаев дека ова ќе се случи. Сепак, јас никогаш не кажав нешто лошо за навивачите на Манчестер или за некој друг во клубот. Лошо зборев само за Луи ван Гал кој ме избрка од Манчестер. Само со него имав голем проблем и мислам дека не заслужив ваков пречек на “Олд Трафорд”, изјави Ди Марија.

Поради навредите кои пак Ди Марија ги упати кон фановите на Јунајтед можно е аргентинскиот интернационалец да добие суспензија од еден натпревар затоа што според член 15 од Правилникот на УЕФА забрането е провоцирање на противничките играчи.