Се затвори и Словачка: 14 дена целосен „локдаун“

116

Словачката Влада одлучи од денеска земјата да е затворена во следните две недели поради зголемениот број на новозаразени лица со Ковид-19.

– Од четврток, 25 ноември, во Словачка ќе биде воведен „локдаун“ низ целата држава, изјави вицепремиерот Рихард Сулик.

Затворањето во вторник го најави претседателката на Словачка, Зузана Чапутова, која истакна дека земјата ја губи битката против Ковид-19 и оти е потребно заклучување за сите граѓани.