Се затвора вакциналниот пункт во салата „Борис Трајковски“ на 30 јули

280

Се затвора вакциналниот пункт во салата „Борис Трајковски“ на 30 јули, дознава весникот ВЕЧЕР од свои извори.

Салата која од 1 април годинава ги отвори вратите за потребите на вакцинацијата на населението од цела Македонија, ќе продолжи да работи како и порано – за одржување пред сè, на спортски активности и манифестации, како и за концерти, забави и други настани.

Другите вакцинални пунктови низ државата и натаму остануваат отворени.

Од Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменската сала „Борис Трајковски“ само кусо одговорија дека во моментов се одлучува за тоа, и веќе утре ќе се знае како точно ќе продолжи да работи салата.