Се заловуваат бездомни кучиња во општина Чаир           

247

Заловувачкиот тим на ЈП „Лајка“ оваа работна недела започна со стратешко заловување во општина Чаир.

-Нашиот тим на заловувачи оваа недела ќе заловува на булевар „Цветан Димов“, како и на улиците: „Џон Кенеди“, улица „Ферид Бајрам“, „Дижонска“ и „Втора македонска бригада“ итн – соопштија од претпријатието.

Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони а кое го нема поминато хуманиот третман.

Доколку граѓаните од гореспоменатите реони имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, можат да се јават на телефонските броеви: 02 256 5859 / 071 219 925 или можат да пријават на info@lajka.com.mk

Исто така, граѓаните можат и да помогнат во акцијата, со тоа што сами би пријавиле бездомно куче, кое можат сами да го донесат во стационарот со претходна најава.