Се дегустираше храна и специјалитетот чомлек на Таste Krusevo 

127

Oд 27 до 29 септември во Крушево се одржа Фестивалот на храна и култура „Таste Krusevo“, кој донесе гости и учесници од цела држава и соседна Србија.

На настанот учествуваа четириесетина учесници од осум средни училишта, а како гости од неколку државни универзитети.

Според градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски, фестивалот ги исполни очекувањата и најави дека општината ќе работи овој настан да прерасне во европски рамки.

– Имавме уште еден исполнет викенд во кој дегустиравме храна, ги посетивме најзначајните знаменитости на градот и учесници од државата и соседна Србија се натпреваруваа во подготовка на крушевскиот специјалитет чомлек. Благодарност до организаторот и сите што го поддржаа овој настан и в година да го направиме уште поголем – рече Христоски.

Настанот беше во организација на СОУ „Наум Наумовски Борче“ Крушево, а поддржан од општина Крушево.