Се гради трикилометарска фекална канализација во село Усје

112

Општина Кисела Вода започнува со изградба на 2.886 метри фекална канализација во село Усје. Денеска е потпишан договорот со фирмата “Енергомонт” и со тоа отпочнува изградбата на секундарната фекална канализација во селото Усје.

Градоначалникот Филип Темелковски и претседателот на Советот на Општина Кисела Вода Дарио Шимиќ, денес беа во ова населено место, каде наскоро ќе отпочнат градежните активности за изведување на канализациона мрежа во должина од 2.986 метри.

– Се работи за седум крака фекален систем со профили на цевки Ф500, Ф250 И Ф300, согласно хидротехничките услови за приклучување и конфигурацијата на теренот. Ова ќе значи решение за околу 1.500 жители на овој дел од Кисела Вода, кои години нанзад имаат проблеми поради непостоење на систем за одведување на отпадните води. Средствата за реализација на целокупниот проект се општински – информираат од Кисела Вода. 

Новопредвидената фекална канализација треба да биде завршена во рок од осум месеци од отпочнувањето на градежните активности.