Се градат живеалиштата за пингвините и фламингата

121

Во соработка со Град Скопје, забрзано се работи на изградбата на живеалиштата за пингвини и фламинга во Зоолошка градина Скопје.

– Финансиите за новите живеалишта ги обезбеди градот Скопје, а градината за првпат ќе стане дом на овие егзотични птици – информираат од ЗОО Скопје.

Нивното пристигнување се очекува во март, напролет.