Се враќа Дел Бој

49

Актерот Дејвид Џејсон ќе ја репризира улогата на Дел Бој на специјален настан во чест на серијата „Сплетки“, што ќе се одржи во февруари следната година во Велика Британија.

За таа пригода, на локацијата, која сè уште не е откриена, ќе биде рекреиран станот на семејството Тротер каде што Дел Бој ќе разговара со фановите на серијата, пишува британскиот весник „Дејли стар“.

„Драго ми е што ќе имам можност да ги запознаам обожавателите на „Сплетки’“. Ќе биде прекрасно”, рече Џејсон.

Џејсон последен пат го играше Дел Бој во хуманитарно специјално издание во 2014 година, кога покрај него и Родни, се појави и Дејвид Бекам.

Култната серија „Сплетки“ се прикажуваше од 1981 до 1991 година, а до 2003 година се снимени неколку божиќни специјални епизоди.