Се враќаат канделабрите и дрвцата отстранети за мисата на папата Франциск

56

Уличните канделабри и останати предмети кои што беа отстранети од плоштадот „Македонија“, за потребите на одржување на мисата при посетата на папата Франциск се враќаат на своите места.

Освен тоа, ќе се вратат и двете дрвца кои што беа откопани заради поставување на тендата по повод дочекот на папата.

– Многу наскоро во план е едното дрво кое е преместено на друга локација на полоштадот да се врати на своето старо место, додека на местото на другото кое што беше исушено ќе се засади ново. Дали ќе биде исто како старото, а најверојатно ќе биде, ќе зависи од потребите-изјави директорот на јавното претпријатие  „Паркови и зеленилио“, Адријан Муча.  (Фото: Н. Батев)