Се венчала за дрво!

83

Мајка на две деца од Велика Британија, 34-годишната Кејт Канингам, неодамна вплови „во брачни води“ со едно дрво, ќе го менува и презимето.

Семејството и пријателите присуствувале на церемонијата на „стапувањето во брак“ меѓу Кејт и дрвото, во паркот Мерзисајд, на северозападот на Англија.

Кејт се одлучила на овој чекор со цел да ја подигне свеста кај заедницата за неопходноста од борба против најавената изградба на нова обиколница.

Еколошката активистка од Мелинг изјавила за Ливерпул ехо дека планира да го смени и презимето и дека од сега ќе се вика Кејт Роуз Елдер (Дрво боз).

Моето момче ја поддржува мојата одлука, дури и ми помогна да подготвам сѐ околку церемонијата на венчавката“, рече Кејт на денот пред венчавката.

„На мојот постар син му беше непријатно на почетокот кога му реков дека ќе го сторам тоа, но сепак одлучи да дојде на церемонијата“, додаде Кејт.

Инаку, како што извести мирор.цо.ук, жителите на селото Мелинг и околните места во Мерзисајд учествуваат во кампањата за борба против изградба на нова обиколница со должина од три километри низ долината Римроус.