Се бележат паркинг местата за лица со посебни потребни

102

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ започна со бележење на паркинг местата наменети за лица со посебни потреби за да им овозможи безбедно и непречено функционирање во општината.

Од претпријатието апелираат до граѓаните да паркираат совесно и да не им го одземаат паркинг местото на оние на кои им е најпотребно!

-Сите непрописно паркирани возила кои ќе бидат затекнати на места означени за лица со посебни потреби ќе бидат отстранети со „пајак”-велат од ЈП ПОЦ.