Се бара 40 годишниот Бошко Митовски од Тетово, исчезнувањето е пријавено во полиција  

289

Семејство од Тетово апелира до јавноста за информации околу исчезнувањето на 40 годишниот Бошко Митовски. Неговиот брат Анѓелко на 29 октомври го пријавил неговото оддалечување од домот во полиција, по што немале контакт.

-Мојот брат Бошко Митовски пред неколку дена излегол од дома и му се губи секоја трага. Последна информација е дека му е најдена патна исправа во населба Аеродром Скопје. Ако некој го види замолувам да не известите на телефоните 075 450 793 и 075 342 437, пишува на социјалните мрежи, братот на Бошко, Анѓелко Митовски.

СВР Тетово соопшти дека на 29.10 е пријавено дека Б.М  се оддалечил од дома и дека се  преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.