Се бара купец за Толисо

43

Актуелниот шампион на Германија, тимот Баерн (М), сака на крајот од актуелната сезона да стави крај на соработката со францускиот интернационалец Корентин Толисо.

Играчот за врска игра под очекуваното ниво во актуелната сезона и се почесто првенствените натпревари ги започнува од клупата за резервни фудбалери. Според челниците на баварскиот гигант поранешниот фудбалер на Олимпик од Лион може да биде продаден за 35 мил. евра, а најголем интерес за неговите услуги покажуваат челниците на Манчестер Јунајтед.