Лондонскиот премиерлигаш Арсенал ќе се обиде за време на зимскиот преоден рок да се ослободи од услугите на германскиот интернационалец, Месут Озил.
Менаџерот на „топчиите“, Унаи Емери, не крие дека е незадоволен од формата на искусниот играч за врска и веќе има дадено зелено светло за негова продажба или позајмица.
Причина плус за прекин на соработката е и фактот дека Озил има неделна плата од 350.000 фунти.