Се асфалтираат улици и се реконструираат фасади во Општина Кавадарци

29

Започна асфалтирањето на улицата „Ристо Миов“ а продолжува и проектот за реконструкција на фасади, соопшти првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

-Утринава започна асфалтирањето на улицата ,,Ристо Миов’’ во два слоја на површина од 2600м2. Инвестиција од 6.000.000 денари, од кои половина се од Општина Кавадарци, а другата половина од Бирото за регионален развој. Претходно преку инвестиција на Општината имаше трасирање, поставување на водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација, и комплетно осветлување.

За убаво Кавадарци, Кавадарци за сите, објави Јанчев на Фејсбук.