Еден од најактивните вулкани во близина на главниот град на Филипини, Манила, почна да исфрла сулфур диоксид и вулкански смог.
Еден од најактивните вулкани во близина на главниот град на Филипини, Манила, почна да исфрла сулфур диоксид и вулкански смог, поради што властите ги затворија училиштата во пет градови и десетици други населени области и ги повикаа жителите да останат во затворени простории.
Националниот институт за вулканологија и сеизмологија на Филипините објави дека ја регистрирал активноста на вулканот Тал, што резултирало со емисија на вулкански гасови, а предупредувањето е на ниво 1 на скала од пет нивоа, пренесува Ројтерс. Властите денеска ја прекинаа наставата во десетици градови во провинциите Кавите, Лагуна и Батангас во близина на вулканот Тал, како и во пет градови во регионот Манила.
Philippine Volcano Spews Sulfur Dioxide, Prompts School Closures, and Warnings to Stay Indoors#TaalVolcano #Philippines #Manila #Volcano #SO2 #VolcanicEruption #BNN #Worldnews #Breakingnews #Newsupdate pic.twitter.com/TVel1d50wZ
— Ruchi Bhargava (@ruchib1975) September 22, 2023
Беше издадено предупредување за воздушниот сообраќај да се избегнуваат летови во близина на врвот на вулканот, „бидејќи пепелта и цврстите фрагменти од ненадејната експлозија може да претставуваат опасност за авионите“.
Вулканот Тал, висок 311 метри и сместен во живописното езеро во провинцијата Батангас во близина на Манила, е еден од најактивните вулкани на Филипините, кој се наоѓа на островот Лузон.
Во јануари 2020 година, исфрли облак од пепел и пареа висока до 15 километри, принудувајќи повеќе од 100.000 луѓе да се евакуираат, а десетици летови беа откажани бидејќи пепелта леташе до Манила.