Серхио Рамос донесе конечна одлука

475

Раководните лица и најверните фанови на актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Реал (М), останаа во шок откако Рене Рамос, брат и агент на капитенот на „кралскиот клуб“, Серхио Рамос, објави на Твитер дека централниот дефанзивец нема да го продолжи договорот со клубот.

Репрезентативецот на Шпанија има договор со Реал (М) до крајот на актуелната сезона, а фудбалските медиуми со месеци ја пласираа информацијата дека двете страни никако не можат да најдат заеднички јазик околу должината на договорот.

  • Некој треба да објасни како и зошто стигнавме до точката кога клубот дозволи капитенот и една од легендите на Реал, да се најде во групата на фудбалери кои, од 1 јануари, можат да преговараат со други тимови !!! – стои во пораката која беше објавена на твитер профилот на Рене Рамос.

Шпанските медиуми исто така шпекулираат дека Рамос и Реал (М) не можат да се договорат и околу платата. Беше објавено дека Рамос сака два милиона евра бонуси доколку одигра 30 натпревари за Реал (М) во 2022 и 2023 година.

Ваквата ситуација со големо внимание ја следат раководните лица на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ. За разлика од Реал (М) кој моментално му нуди само едногодишен договор, „светците“ веќе му поудија 3-годишен договор, плата од 10 мил. евра и бонус од 2 мил. евра.