Јужнокорејска серија од 2018 jа опишува борбата против коронавирусот

366

Корејската серија „My Secret Terrius“ која е објавена во 2018 година, а која зборува за смртоносен коронавирус, деновиве стана една од петте најгледани серии во Велика Британија.

Во оваа шпионска драма, еден од ликовите е предупреден на коронавирус сличен на грип, чиј период на инкубација е 14 дена. Овој вирус во серија ги напаѓа белите дробови и нема вакцина за тоа. Вирусот го развиле терористите.

Сцената која привлече големо внимание е при крајот на десеттата епизода, во која се за мутантен коронавирус кој може да убие околу 90 проценти од заразените. Лекарот во оваа серија го споредува вирусот со претходните епидемии, како што се вирусите MERS и SARS кои припаѓаат на истото семејство.

Луѓето кои ја гледале на социјалните медиуми пишуваат дека оваа серија е застрашувачки предвидлива. Некои пак, рекоа дека станува збор за случајност.

За разлика од измислениот вирус од „My Secret Terrius“, се смета дека коронавирусот предизвикува смртност од околу еден процент.

Она што го привлече вниманието на гледачите е дека на крајот од епизодата, тие ги учат учениците како правилно да ги мијат рацете.