Добро познатиот македонски стилист Сергеј Варошлија неодамна беше гостин во поткастот на македонскиот Јутјуберот Стефан Лазаров. На шокантната изјава за неговата поранешна многу добра пријателка Лила Филиповска слушателите едноставно занемеа.
-Јас навистина не знам во каков однос сум сега со Лила. Всушност не сум во никаков однос со Лила. Таа треба да го демистифицира еден ден тоа, но знаејќи ја неа нема никогаш тоа да го направи. Во одреден момент, не знам, по 3-4 месеци откако се случи сè, таа нè изблокира на телефон и мене и мајка му на Бојан (Боки 13).
–
Ги избриша сите слики од Инстаграм со мене и ми рече: „Никако веќе немојте да ми се јавувате. И нè блокна, раскажа искрено и малку со возбуда во гласот, познатиот Варошлија.
Тој на слушателската публика и откри и тоа дека со Лила по одреден период се сретнал во скопската Лептокарија. Но, кога таа го видела се вознемирила. Почнала панично да му вели да не ѝ приоѓа.
-Нејзе ѝ било забрането да комуницира со мене поради мојата близина со Бојан Јовановски, а тоа ми е мене уште мистерија, загрижено кажа Сергеј.