Среќна сум бидејќи сакам да сум во природа, а се ежам кога ќе ми текне дека доаѓа долга студена зима за која никој не знае како ќе поминеме со страшниот коронавирус? Нека има многу снег да се прочистува воздухот! Сепак, да останеме оптимисти, да имаме позитивни мисли…, вели убавата Серафина за весникот ВЕЧЕР/vecer.press

Македонска поп, фолк и оперска пејачка со италијанско потекло Серафина Фантаузо е голема љубителка на природата и качување по планините. Секој слободен викенд, кога е убаво, ведро време, таа го користи да излезе од жешката скопска котлина, да замине на некоја од македонските планини. Тешко се одлучува на која ќе планинари бидејќи Македонија има многу планини, па така минатиот викенд неуморната Серафина со своето присуство ја почести убавицата Шар Планина. Се качи на Титов Врв! За впечатоците за весникот ВЕЧЕР, вели:

“Ајмо, у планине јер, тамо нема зиме“, порачува Серафина преку хитот на “Бијело дугме“, во друштвото на Благица Павловска

-Воопшто не беше лесно, ама за мене тоа не е пречка. Имам јас кондиција, со планинарење другарувам уште од моите тинејџерски години. Се качував и по врвовите на италијанските планини кога ме носеле моите во земјата на татко ми. Во Македонија само ја продолжувам традицијата. Среќна сум бидејќи сакам да сум во природа, а се ежам кога ќе ми текне дека доаѓа долга студена зима за која никој не знае како ќе поминеме со страшниот коронавирус? Нека има многу снег да се прочистува воздухот! Сепак, да останеме оптимисти, да имаме позитивни мисли, само така можеме да чекориме напред низ периодот кој е пред нас. Немојте луѓе, не паѓајте во депресија.

И покрај сè, излезете, дружете се, но строго запазувајте ги здравствените мерки, носете заштитна маска, често мијте ги рацете, бидете самодисциплинирани. Ако можете, потрудете се да заминете исто така на некоја наша планина, да освоите некој планински врв, како јас. Таму е чистиот воздух, таму нема коронавирус, дишете слободно, уживајте во животот и во сините височини, задоволно констатира и советува нашата позната пејачка за весникот ВЕЧЕР.
Дуле Миќиќ