Сензационални изјави на премиери во албанскиот парламент:Од сателити, до кинески јазик, и подводен тунел со Италија

176

Изјавата на албанскиот премиер Еди Рама дека владата планира да испрати два сателита во вселената следната година, предизвика бурни реакции во медиумите и на социјалните мрежи, добивајќи многу поддржувачки, но и иронични коментари.

Покрај другото АБЦ њуз ги пренесува, како што ги нарекува, најсензационалните изјави на премиерите во последните години во Собранието.

Телевизијата ја споменува изјавата на тогашниот премиер Сали Бериша, во која најавува изградба на нуклеарна централа во Скадар

-Изјавата на поранешниот премиер Бериша, за време на посетата на Италија според која Албанија ќе изгради нуклеарна централа во Скадар доби големо меѓународно внимание, предизвикувајќи голема загриженост во соседна Црна Гора. Не е познато каде Бериша беше инспириран да даде таква изјава, додека Европа се обидуваше и се обидува да го намали количеството на енергија произведена во нуклеарни централи. Сепак, може да се каже дека во тоа време поранешниот премиер често ја користеше фразата „Албанија, мала енергетска суперсила“, наведува телевизијата.

Се потсетува и на изјавите на Бериша кога во парламентот рече дека албанските деца ќе учат кинески, што „предизвика многу смеа пред речиси една деценија“. Бериша држеше жесток говор во говорницата на Собранието и додека го малтретираа пратениците од опозицијата, тој ја кажа познатата реченица: Планираме да го воведеме кинескиот јазик како наставен предмет во нашите училишта“.

Меѓу неговите најсензационални изјави е и онаа од есента 2010 кога најави повлекување на домашната валута-лекот и воведеме на еврото како официјална валута на Албанија, како и онаа од 2012 кога со гордост кажа дека албанската економија е втора во Европа, веднаш зад германската.

Истиот извор потсетува и на изјава на актуелниот премиер Еди Рама кого опозицијата на почетокот на неговиот прв мандат го обвини дека земјата станала центар на трговија со наркотици преку мали авиони што се спуштаат од југ кон север, тој и одговорил со смеење дека „комарците им изгледаат како авиони“.

-Но кусо потоа еден од овие „комарци“ се урна во Дивјак, станувајќи првиот авион фатен како се користи за транспорт на канабис од земјата. Потоа, по него следеа други авиони кои поради технички дефекти принудно се спуштаа на албанска територија натоварени со канабис, додава телевизијата.

Меѓу ваквите сензационални изјави се споменува и онаа на Пандели Мајко дека Албанија ќе гради подводен тунел до Италија.

-Мајко го даде овој предлог до министер за одбрана Антонио Мартино во 2002 година кога беше во официјална посета на Италија, на што Мартино „кој не поверува на она што го слуша“ одговори дека прво треба да се направи темелна студија за придобивките и трошоците од таков голем проект, наведува АБЦ њуз.