Семејството повторно демантира дека Пеле е на смртна постела

47
epa07995826 Brazilian soccer legend Edson Arantes do Nascimento, better known as Pele, poses during an interview with Spanish news agency EFE at the Pele Museum in Santos, Brazil, 12 November 2019 (issued 14 November 2019). EPA-EFE/SEBASTIAO MOREIRA

Семејството на Пеле уште еднаш ги демантираше вестите дека бразилската фудбалска легенда е на смртна постела и оти е префрлен на палијативна нега во болница во Сао Паоло.

Бразилскиот весник „Folha de Sao Paulo“ во саботата објави дека 82-годишниот Пеле е под палијативна нега во болницата „Алберт Ајнштајн“, бидејќи хемотерапијата не ги дала очекуваните резултати.

Во бразилската болница во септември лани на Пеле му беше отстранет тумор од дебелото црево.

Членови на неговото семејство демантираа дека Пеле е во тешка здравствена состојба, а тоа го повторија и во телевизиски разговор емитуван во неделата вечер, во кој двете ќерки и внукот изјавија дека фудбалската икона се лекува од инфекција на дишните патишта, предизвикана од коронавирусот.

„Болен е, стар е. Но, штом ќе се чувствува подобро, ќе биде пуштен дома“, изјави една од ќерките на Пеле, Кели Насименто.