По петочниот масакр во Цетиње кога 34-годишниот Вук Бориловиќ со ловечка пушка уби 10 лица меѓу кои и две деца, Црна Гора тагува, но и стравува од ново крвопролевање.
– Здрав разум не може да го направи тоа што го направи Бориловиќ! Убивање луѓе кои не се виновни за ништо, без причина, без предупредување дека нешто ќе им се случи… Невидена катастрофа.Направено е големо зло за кое некој мора да одговара. За жал, се плашам да размислувам, но луѓето кои ги загубија своите најблиски нема да можат да го поднесат ова“ – вели жителка на Цетиње.
Семејството Бориловиќ, Мартиновиќ, чија сопруга и децата се убиени, како и семејството Калуѓеровиќ, пред кое Ненад наводно го застрелал убиецот, се три традиционални семејства кои и денес живеат по старите обичаи.
Жителите на Цетиње сега се плашат од крвна одмазда.
„Повеќе се плашиме што ќе се случи по ова невидено злосторство што го изврши Бориловиќ. Ќе има крв и тоа нѐ плаши, а веќе се шпекулира дека сопругата и децата на убиецот нема да можат да се вратат во Цетиње.Слушнавме дека сопругата и децата на Бориловиќ се во шок откако дознале дека Вук направил вистински масакр. Нивните роднини веднаш ги отстраниле од Херцег Нови каде биле на одмор и ги однеле на непозната локација“ – вели друг жител на Цетиње.
Засега никој не знае каде се сопругата и децата на Бориловиќ и дали тие воопшто се во Црна Гора.
– Низ Цетиње се шушка дека ја напуштиле родната земја плашејќи се од крвна одмазда и отишле далеку од познатите луѓе – вели соговорникот.
Каде е семејството на убиецот од Цетиње, не откри ни неговата мајка, Светлана Бориловиќ, која во потресната исповед, за својот син вели дека е подобро што е мртов после тоа што го сторил.
„Бев на работа. Ме донесоа дома кога се беше готово и кога и тој беше мртов, дури подоцна дознав што се случило, проклета да бидам. Подобро е да го нема кога го изврши злосторството. Никој не може да знае како е мојата внатрешност со оваа болка, која ме направи несреќна“ – заклучила Светлана за српски „Телеграф“.
Таа одбила да каже каде биле на одмор сопругата на Вук, Линда и децата пред една недела, бидејќи полицијата во меѓувреме ја известила јавноста дека неговото семејство не е на територијата на Херцег Нови, како што се наведува во првичните информации.
„Нема да зборувам за тоа. Полицијата може да ме испраша и јас ќе им кажам се што знам, но не можам ништо повеќе јавно да кажам“ изјавила Светлана.
Вук Бориловиќ во петокот околу 15 часот и 30 минути уби 10 лица, додека неговите први жртви беа мајка и две момчиња на возраст од осум и 11 години. Во крвавиот поход Бориловиќ ги застрелал соседите, но и вујко му кој се обидел да го спречи. Според црногорската полиција, Бориловиќ бил убиен со пет истрели, но се уште не е потврдено дали бил погоден од куршуми испукани од полицијата или од Ненад Калуѓеровиќ.