Селфи што „тежи” 55 гренд-слем титули

43

Најдобрите осуммина тенисери на светот, од недела ја почнуваат битката на завршниот Мастерс турнир во Лондон, а тие веќе се во британската престолнина, и решија да направат една заедничка групна фотографија.

Александер Зверев сликаше, а нему, како и на на Медведев, Тим, Циципас и Беретини, треба да им биде чест што се во друштво на големата трофејна тројка Надал-Ѓоковиќ-Федерер.

Според бројот на гренд-слем титули кои ги имаат освоено овие тенисери во кариерите, вкупно 55, ова селфи е легендарно.

Сите 55 гренд-слема се на Федерер, Надал и Ѓоковиќ, па на помладите им останува да се обидат да тргнат по нивните стапки.