Село во Шведска на продажба -цена на бесценетото

877

Селото Сатра Брун, кое се наоѓа во Шведска, деновиве беше понудено на продажба. Ова село со сите погодности за бањски туризам се наоѓа на периферијата на главниот град на Шведска, Стокхолм.

Цената не е воопшто мала имајќи предвид дека селото се продава за 70 милиони шведски круни, односно 6.5 милиони евра.

Селото датира од 1700 година кога докторот Самуе Скраг открил извор на вода во Сатра и го купил околното земјиште. Потоа направил бунар, куќа со извори, болница, црква и живеалишта.

Тоа било во времето кога растела популарноста на природните извори, бидејќи се сметало дека пиењето и капењето во висококвалитетна вода имаат балансирачки и исцелителен ефект на здравјето.

Гости биле повикани да пијат од водата секој ден. Понудени биле и топли и студени бањи, бидејќи се верувало дека помагаат во емоционалната рамнотежа. Потоа, околу 1740 година, земјиштето и куќата ги купил бискупот од градот Вастерас, кој неколку години подоцна му ги препуштил на Универзитетот Упсала, еден од најдобрите универзитети во Земјата.

Во 2002 година, универзитетот го продаде Сатра Брун на груа 16 локални претприемачи, и оттогаш се води како место за бањски туризам.

Од 2015 годин, во селото работи и полнилница, која е вклучена во продажбата. Тоа е еден од седумте извори кои имаат добиено најмногу светски награди за чистота во Шведска.

Сатра Брун и сите недвижности се регистрирани како друштво со ограничена одговорнот, што значи дека нема ограничување за странски купувачо, изјавил брокерот Јонас Мартинсон, кој архитектурата на селото ја опишал како „прошетка низ времето“.

Извор:www.travelandleisure.com