Селена Гомез го напушта шоубизнисот

443

Пејачката и актерка, Селена Гомез, најави дека планира да го напушти шоубизнисот за да се посвети на мајчинството и филантропијата.

Триесетгодишната Гомез, говорејќи на подкастот „Giving Back Generation“, рече: „Се надевам дека ќе се омажам и ќе станам мајка.

„Со тек на време ќе се уморам од сето ова, па веројатно ќе го посветам најголемиот дел од мојот живот на филантропијата пред да се смирам“.

Селена откри и дека нејзината осумгодишна полусестра, Грејси Тифи, ја натерала да посака да има свои деца.

„Гледам како ова мало суштество се формира во човек. Нема поубаво чувство на светот. На некој начин се чувствувам како родител, иако не сум, вели Гомез.