Селата Ракотинци и Добри Дол утре без вода

17

Селата Ракотинци и Добри Дол утре ќе имаат прекин со водоснабдувањето, информираат од РЦУК Скопје.

-Поради дефект на приклучна цевка, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на село Ракотинци. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 12:00 часот до завршување на дефектот, се наведува во соопштението.

Исто така поради дефект на приклучна цевка, со прекинато водоснабдување  утре ќе бидат и корисниците на село Добри Дол. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до отсранување на дефектот.