Секс – бомби кои им ја украдоа славата на најдобрите фудбалери

118

 

Фудбалерите се постојана мета на убавите жени. Некои од нив успеваат од прва да го уловат својот принц од зелениот терен, а други мора добро да се испотат додека легнат во креветот на некоја голема ѕвезда. Меѓутоа има и такви кои не трчааат по фудбалерите, туку се мета на истите. Тие можеби се најопасни, бидејќи добро знаат да го искористат мометот, да станат пославни и во сенка да ја фрлат својата посилна половина, да донесуваат животни одлки за нив и да раководат со нивните финансии, односно да договараат трансфери и да го изберат клубот во кој ќе игра нивниот сакан.

Аргентинската старлета Ванда Нара е една од најекспонираните сопруги на еден фудбалер. Таа моментно го дели креветот со голгетерот на Интер, Мауро Икарди. Но уште поважно таа го има последниот збор кога е во прашање тансферот на саканиот, бидејќи освен што е негова сопруга, таа е и негова менаџерка, односно најзаслужна за тоа што толку високо котира на пазарот.
Интересно за оваа убавца е тоа што направи раздор меѓу двајца фудбалери, нејзиниот прв сопруг, фудбалерот Макси Лопез и сегашниот соруг Икарди.
Голгетерот на Интер беше дел од нивното секојдневие за на крај да му ја земе сопругата на пријателот со која денеска има ќерка, а Нара го има последниот збор во куќата.

Фудбалерот на Лас Палмас, интернационалецот од Гана, Кевин Принс Боатенг, не е задоволен од тоа што нема голема минутажа во својот клуб и нема никакви шанси за осовјување на титулата во Ла Лига, но затоа во љубовниот живот му цветаат рози, бидејќи креветот го дели со поранешната Мис на Италија, Мелиса Сата. Но за разлика од Ганецот на кого слвата веќе му проаѓа, манекенката и водителка привлекува се поголемо внимание во јавноста поради совршените атрибути кои ги поседува.

Англичанката Сем Кук е уште една убавица која во своја сенка ја стави посилната половина. Станува збор за ѕвездата на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Крис Смолинг. Убавицата ја има најпосакуваната титула на Островот, за најубави гради, а нејзината професија е топлес модел. Таа победи на конкурост за најубави гради во 2006 година, а веднаш потоа нејзините гради ги украсија жолтите страници на најтираниот британски таблоид Сан. Со оваа фотосесија го направи пробивот во својата професија и досега се нашла на насловните страници на машките списанија ФХМ, Максим и ЗОО.
Освен што се прослави со цицките, Сем има и диплома од колеџ за биохемичар. Меѓутоа, ова не е единсвената факултетска диплома на убавицата, која по дипломирањето на отсекот за биохемија заврши и архитектура. Работи и како диџеј во Египет, а активна е и во капањите за борба против рак на дојката.

Поранешната српска тенисерка, Ана Ивановиќ, иако скоро една година не игра тенис, односно и стави крај на својата професионална кариера и наскоро ќе стане мајка, го стави во сенка својот сопруг, германскиот репрезентативец и моментно фудбалер на Чикаго, Бастијан Швајнштајгер. Таа се уште е магнет за спонзорите, а кога и да се појави во јавноста привлекува големо внимание. Токму затоа Бастијан за германските медиуми изјави дека „подобро му е кога излегува сам“, односно дека тогаш може слободно да се движи каде што сака без притоа да биде во сенката на својата сакана.
Но, убавицата се уште е многу активна на социјалната мрежа Инстаграм, каде со последната фотографија ги збудале своите следбеници. Таа се фотографираше во црвено фустанче на тараса, а зад неа имаше убава природа.
-Свила и чипка прават да блескам повеќе отколку што изгледа на фотографијата, напиша Ана.

Српската дива Јелена Карлеуша е уште една во низа сопруги на фудбалери која го има последниот збор во домот. Таа е поубава половина на српскиот репрезентативец кој моментно настапува за турскиот прволигаш Бешикташ, Душко Тошиќ. Пејачката моментно е актуелна како еден од челновите на жирито на „Свездите на Гранд“, освен тоа постојано е присутна во медиумите, а нејзиниот стајлин секогаш е проследен со бурни реакции, особено од припадниците на посилниот пол. Воедно таа е скоро седум години повозрасна од саканиот со кого има две ќерки Ника и Атина.