Секс бизнисот во Амстердам е во криза, дојдоа тешки времиња

19

Холанѓаните се загрижени. Центарот на Амстердам сега е само слаба туристичка замка. Многу жени кои го продаваат своето тело, се повеќе се мачат да привлечат муштерии кои сакаат да платат, затоа што нивните излози ги сокриваат туристи кои прават селфи и кои ги интересира само бесплатна атрактивна можност за фотографирање, наместо да платат за секс.

Градоначалничката на главниот град на Холандија се обидува да најде решение. Фемке Халсема се подготвува да воведе низа мерки со кои ќе им помогне сексуалните работнички да се сoкријат од објективите на фотоапаратите, пишува БиБиСи на српски.

Младите жени се трудат да ги сокријат лицата, додека туристите гледаат наоколу и мафтаат со телефоните. Многу од нив водат таен живот. Доколку нивните фотографии стигнат на социјалните мрежи, тоа би можело лошо да заврши и нивните семејства да се откажат од нив.

Во амстердамската сексуална индустрија проститутките наплатуваат 100 евра за половина час, или 150 евра за еден час.

Градоначалничката има идеја на проститутките да им издава дозволи за да работат надвор од клаустрофобичната зона на улицата на црвените фенери.

Проституцијата во Холандија е легализирана во 2000 година.