Сексуално вознемирување и нарушување на приватноста со скриени камери

55

Во Јужна Кореја, позната по високата технологија и нејзиното масовно користење во секојдневниот живот, се опјави нов начин на сексуално вознемирување и наруѓување на приватноста.

Имено, високотехнолошкиот воајеризам користи различни „скриени“ камери – од телефонски, до микро-камери скриени во обични секојдневни предмети за снимање и фотографирање на жртвите.

Оваа појава на високотехнолошки воајеризам има и свое посебно име – молка.

А колкав замав зеде оваа појава покажува и последниот скандал кога многу познат јужнокорејски водител си поднесе оставка откако, наводно, го фотографирал „долниот дел од телото“ на жена без нејзино знаење.

Како што објави Гардијан, Ким Сунг-џон поднесе оставка во Системот за радиодифузија на Сеул (СБС) во понеделникот откако бил фатен како фотографира со својот мобилен телефон во метрото во главниот град на Јужна Кореја минатата недела, објави новинската агенција Јонхап.

Тој беше уапсен кратко време по наводниот инцидент, откако еден сведок ги предупреди жените дека се фотографирани и ја повика полицијата.

Ким, наводно, првично негирал дека фотографирал, но потоа бил соочен со слики пронајдени на неговиот телефон. Тој не бил уапсен, но е предмет на истрага, објавија медиумите.

Тој подоцна и се извини на жртвата и на неговиот поранешен работодавач.

Истакнувајќи дека името на Ким е трендовско на Твитер и Навер (популарен пребарувач во Јужна Кореја), Рафаел Рашид, слободен новинар со седиште во Сеул, за Гардијан вели: „Тоа е само #1 бидејќи тој е телевизиска личност. Но, ајде да се соочиме со тоа, #molka порнографската шпионска камера е секојдневна појава“.

Молка – тајно снимени слики од сексуална природа кои често завршуваат на интернет – достигна епидемиски пропорции во Јужна Кореја, каде што малите шпионски камери се лесно достапни, а престапниците ретко се казнуваат.

Во просек 18 случаи на „молка“ се пријавуваат секој ден од 2017 година. Се смета дека вистинскиот број е многу поголем бидејќи многу жени не се свесни дека биле тајно фотографирани или снимени, додека други не сакаат да ги пријават злосторствата во полицијата.