Истражувачите велат дека постојат три типа на секс-пораки: експериментални, ризични и провокативни и од особините на личноста зависи кој која ќе ја користи.

Резултатите од истражувањата покажале дека „ризични“ и „провокативни“ пораки мажите испраќаат почесто отколку жените, додека пак младите личности почесто од повозрасните, без согласност ги споделуваат со другите разменетите сексуални пораки.

Неодамна, еден тим на научници спровел анкета со 6.000 испитаници од 11 земји за пишувањето на пораки со сексуална содржина, таканаречн „секстинг“ и ги селектирале трите типа на пораки.

„Експерименталните“ секс-пораки се најчести, а опишани се како спогодбени пораки со сексуална содржина споделени меѓу двајца луѓе.

„Ризични“ се пораките кои истражувачите ги опишуваат како пораки што настануваат за време на некое ризично однесување – пиење алкохол или конзумирање дрога. Тие обично се испраѓаат на непознати луѓе.

„Провокативните“ пораки пак се однесуваат на јавно споделување на интимни секс-пораки без согласност од другото лице или со изнудена согласност.

Студијата го проучувала и одност меѓу различни личности и склоност за испраќање на некој од трите типа пораки, а заклучокот е дека сите три пораки со сексуална содржина се поврзани со нарцизмот.

Исто така, резултатите покажале дека „ризични“ и „провокативни“ пораки почесто испраѓаат мажи отколку жени. Додека пак помладите личности почесто отколку постарите се осмелуваат да објавуваат споделени сексуални-пораки со некој друг.

Секстингот е се почест феномен меѓу адолесцентите и помладите возрасни личности, објавија авторите на оваа студија. Според нив ова истражување потврдува и дека различни типови на личности имаат потполно различно сексуално однесување.