Со сопругот Јасмин живееше во студената Шведска, Скандинавија. Таму имаше убав живот, никогаш не се пожали. Сепак, сакаше да се врати заедно со него на топлиот Балкан. И се вратија. Во меѓувреме, градат куќа на Дојранското Езеро. Најмногу од сè ја сакаат плажата, го сакаат летото, топлото време. Уживаат во овие сегашни летни горештини
–
Сексапилната македонска фолк-пејачка, Сузана Гавазова, која со години наназад не се симнува со хитовите од врвот на македонската естрада, пред некој ден гламурозно прослави за деценија од бракот со бизнисменот Јасмин Курузовиќ. Свадбата, пред 10 години, беше направена во Струмица, а главна ѕвезда што им пееше беше легендарниот Шабан Шаулиќ.
Со Јасмин, пејачката ги има ќерките Емили и Селена, кои ѝ се цело богатство на овој свет. Јасмин има еден неуспешен брак зад себе, а Гавазова ја побара за жена веднаш откако почнаа да се забавуваат. Сузана е горда што е Босанец и што е искрен Балканец во душата.
–
Оваа згодна македонска пејачка, која има одлична соработка со новинарите, најпрво живееше со Јасмин во студената Шведска, Скандинавија. Таму имаше убав живот, никогаш не се пожали. Сепак, сакаше да се врати заедно со Јасмин на топлиот Балкан. И се вратија пред шест години. Во меѓувреме, градат куќа на Дојранското Езеро, а живеат во Струмица. Најмногу од сè ја сакаат плажата, го сакаат летото, топлото време. И двајцата уживаат во овие сегашни летни горештини.
–
Сите обврски што ги има околу естрадата, ѝ ги завршува сопругот Јасмин. Без разлика на тоа што тој си има свои успешни бизниси. Неодамна, во поткастот на телевизија „Сител“, Гавазова искрено зборуваше за својот брак со Курузовиќ.
–
– Интересно е што многупати добивав брачни совети од мојата драга колешка, Блага Петреска: „Сузана, немој да гледаш некој маж да е згоден. Подобро гледај да биде добар со тебе, да ти е убаво со него, да имаш муабет со него. Убавината и онака поминува со текот на годините. Треба да остане карактерот. Тој маж да ти кажува само убави работи. Многу е важно и кога ќе се скарате во бракот, а нема таков што нема да се скара, да не се навредувате. Грдите зборови длабоко се врежуваат во психата на секого од нас“. Д.М. фото: архива