Сексапилната Ивана од “Ураган“ го крие црномурестото момче од Занзибар – да погодуваме кој е?

570

“Песна на Евровизија 2021“ заврши, впечатоците се поделени и разделени, а како секогаш има и лути и не лути меѓу учесниците. Во меѓувреме и пандемијата попушта максимално, па овогодишните претставнички на Србија, згодните женски од групата “Ураган“, иако завршија на 15. место, тие не очајуваат. Уживаат максимално во убавините на животот.

Деновиве се во далечниот Занзибар (Танзанија) каде на свој начин му се препуштаат на топлото лето и на сините океански води. На локалните жители веселите девојки Ивана Николиќ, Сања Вучиќ и Ксенија Кнежевиќ веднаш им паднаа во око, па нивните момци посакаа да се сликаат со нив, особено со најзгодната Ивана која ги освои пред сè со својот темперамент, а и многу повеќе со костимот за плажа кој повеќе открива отколку што сокрива од нејзиното тело.

Ивана се пофали и преку социјалните мрежи, сите да видат дека 15. место на “Евровизија“ не ја разочара, па сподели фотографии и во предизвикувачка поза, чиста провокација за едно црномуресто момче од Занзибар кое засега го крие како змија нозете. Или тој е можеби на сликата, а ние само да погодуваме кој е од тие?  Д.М.